Над милион луѓе излегоа на улица во Хонг Конг, најголем протест последниве недели (ФОТО+ВИДЕО)

Организаторите тврдат дека над еден милион луѓе дошле на денешните продемократски демонстрации.

 

Во Хонг Конг ова е првиот викенд без солзавец последниве недели, иако антивладините демонстранти ги блокираа улиците, а стотици илјади луѓе маршираа и покрај приговорите од полицијата.

Демонстрантите на митингот свикан од пандемократската група Граѓански фронт за човекови права маршираа 6 километри, преплавувајќи неколку поголеми улици и околните помали улички.

Маршот е еден од најголемите откако почнаа демонстрациите на 9 јуни, што е знак дека голем дел од Хонг Конг не сака да попушти дури ни по тримесечни протести, со слаба реакција од владата.

Граѓанскиот фронт за човекови права, широка коалиција од продемократски групи, тврди дека повеќе од 1,7 милиони присуствувале на демонстрациите, но тешко е да се пресметаат бројките бидејќи демонстрантите се движеа во два правци и честопати низ споредните улици.

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека 128.000 луѓе присуствувале на митингот.

Граѓанскиот фронт за човекови права рече дека маршот, колку што е против законот според кој на жителите ќе може да им се суди во Кина, кој во јуни беше суспендиран, но не трајно повлечен, толку е и против „репресијата во кинески стил“ од страна на полицијата.

„Сакаме да ги собереме повеќето хонгконжани и, со употреба на мирни, рационални и ненасилни средства, да се обединиме во дух и акција за да ја изразиме нашата огорченост против полициската бруталност, како и да ја покажеме цврстата решеност на хонгконжани“, изјави заседавачот на коалицијата Вонг Јик Мо во соопштението.

До 14:30 часот денеска, половина час пред да почне митингот, беше јасно дека тој ќе биде најголемиот последниве недели бидејќи десетици илјади се мачеа да влезат во паркот, а мрежите за јавен транспорт беа преоптоварени со демонстранти облечени во црно.

Голем број луѓе останаа да скандираат на улиците осум часа подоцна, осветлувајќи го со ласери седиштето на централната власт и извикувајќи пароли.

Денешниов протест покажа дека јавноста сè уште е обединета против владата и лидерката Кери Лам, која ги предизвика протестите на почетокот на јуни, кога се обиде да го протне законот за екстрадиција преку законодавниот дом, вели Индипендент.

Многу жители се плашеа дека законот ќе значи крај на полуавтономијата на Хонг Конг, ветена во рамките на договорот „една земја, два система“ со Кина до 2047 година. Како поранешна британска колонија, Хонг Конг има многу права и слободи што ги нема во Кина, но демонстрантите рекоа дека сега тие се загрозени.

Денешните извици содржеа повици за „петте барања“ на демонстрантите, кои останаа исти од јуни, како на пример Лам да се повлече и владата да покрене истрага за полициското насилство.

Полицијата во Хонг Конг стана предмет на меѓународни критики за нивната прекумерна употреба на солзавец и гумени куршуми во ситуации кога не беа под закана од демонстрантите, понекогаш пукајќи и во незаштитени минувачи и новинари.

„Како што движењето станува сè поголемо и поголемо, неговата цел се менува заедно со него и ние ги имаме нашите пет основни цели што сакаме да ги постигнеме. Полициската бруталност дефинитивно е една од најзначајните теми на кои сакаме да се фокусираме“, рече демонстрантот Ашрит Гурунг, кој носеше парола „Мотото око за око ќе го ослепи целиот свет“.

Во денешното соопштение, меѓутоа, владата на Хонг Конг продолжи со својот став дека полициското насилство во најголем дел е одговор на активностите на демонстрантите.

Владата рече дека еден „насилен демонстрант постојано ги напаѓал полициските кордони, намерно блокирал патишта, ги вандализирал јавните објекти, запалил разни локации, ги нападнал полициските службеници со оружје и фрлал тули и молотови коктели“ над 75 пати во изминатите 11 недели, ранувајќи 180 полицајци.

Полицијата рече дека реагирале дури кога „немале друг избор“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе