Над Јапонија се урнаа два американски авиони, во тек е потрагата по маринците

Во јапонските територијални води се трага по шест американски маринци по неразјаснетата несреќа на два воени авиони, соопштија американските власти.

Иако деталите на несреќата не се познати, се претпоставува дека авионите се судриле во воздух за време на вежба за дополнување гориво, пренесува Ројтерс.

Јапонското министерство зза одбара изјави дека поморските сили до сега спасиле еден од седуммината маринци кои биле во авионите за време на несреќата.

Маринците соопштија дека несреќата се случила денес на околу триста километри од јапонскиот брег. Авионот танкер КЦ-130 херкулес и борбениот Ф/А-18 хорнет полетале од базата Ивакуни и спроведувале редовна вежба кога дошло до „несреќата“.

Американски воен службеник, кој сакал да остане анонимен, кажал дека несреќата се случила при вежба на полнење гориво. Единствениот досега спасен маринец е вратен во базата каде му е пружена лекарска помош, се вели во официјалното соопштение.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе