Коронавирус

Над 800 луѓе починаа во Кина, надминувајќи ја бројката на мртви од САРС во 2003

Епидемијата на САРС во 2002-2003, која исто така почна во Кина, уби 774 луѓе низ целиот свет. Од новиот коронавирус досега починаа 811 луѓе, главно во континентална Кина.

Комисијата соопшти дека 89 лица денеска починале од последиците на коронавирусот, а дека бројот на луѓето за кои е потврдено дека се заразени во континентална Кина е 37.198. Вкупната бројка на заразени низ светот е околу 37.500.

Во Хонг Конг се пријавени 25 случаи на коронавирусот, од кои едниот почина, а 10 во Макао, според АП.

Во Јапонија се регистрирани 96 случаи, во Сингапур 40, во Тајланд 32, во Јужна Кореја 25, во Тајван и Малезија по 16, во Австралија, Германија и Виетнам по 14, во САД 12, но еден американски државјанин почина во Кина како резултат на коронавирусот.

Франција пријави 11 заразени, Обединетите Арапски Емирати седум, Канада шест, Филипините три случаи, од кои едниот почина, Велика Британија, Индија и Италија исто така по три.

Во Русија се заразени две лица, а во Белгија, Непал, Шри Ланка, Шведска, Шпанија, Камбоџа и Финска по едно.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе