Над 50 пилот-китови заклани на Фарските Острови неколку дена по страшниот масакр на делфини (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Најмалку 53 пилот-китови беа убиени на Данските Фарски Острови оваа недела, според извештајот на организацијата Морски чувар - истата невладина организација што го вклучи алармот по неодамнешното масовно колење делфини што ги налути активистите.

Фото: ЕПА

„Само 10 дена по масакрот врз 1.428 делфини, се случи уште еден лов на Фарските Острови, во кој се одземени 53 животи на пилот-китови“, рече во средата меѓународната организација за заштита на морските води.

Групата добила вознемирувачки слики што го документираат новото убиство од страна на фарските локалци, објави Јаху њуз Австралија.

Десетици заклани пилот-китови може да се видат наредени на кејот, со исеченици по нивните тела и пролеана крв. Морските цицачи очигледно биле убиени во водите во близина на селото Колафјордур, дел од самоуправната данска територија.

„Имаме неколку локални волонтери, кои се анонимни, но се многу посветени да документираат што можат и да го споделат со нас за да можеме да му го објавиме на светот“, рече претставничката на Морски чувар, Валентина Краст.

Најновите слики се снимени од жител на островот што „навистина сака да ги прекинеме овие убиства“, рече таа, додавајќи дека активистите се „шокирани и лути“.

Најновиот масакр веројатно не се случил како дел од годишната традиција, за разлика од сега злогласниот масакр на речиси 1.500 делфини - туку од негрижа, според непотврдени информации што се појавија во некои медиуми. Некои од нив велат дека китовите за кои се работи требало да бидат под надзор, со специјални сензори поставени на нив, но немало доволно персонал за извршување на работата.

Наместо тоа, била донесена одлука за уништување на цицачите, иако одговорните очигледно не очекувале дека ќе биде толку масовно, првично претпоставувајќи дека се работи за не повеќе од 15 китови.

Морски чувар води кампања против „гриндадрап“, традиционалниот лов на Фарските Острови, уште од 1980-тите. Вели дека ќе продолжи да протестира против крвавиот ритуал, кој датира повеќе од илјада години. Севкупно, повеќе од 1.400 делфини и 660 пилот-китови беа убиени во регионот оваа година, се вели, а неодамнешниот масакр на делфини стигна на насловните страници околу светот. Сепак, официјално не се воведени никакви мерки.

„Фарските Острови немаат квота за гриндадрап-лов, нема сезона, нема потреба од месо и, се чини, нема никакво сочувство“, рече Роб Рид од Морски чувар, за Јаху њуз Австралија.

Додека некои локални жители се подеднакво вознемирени од традицијата, други велат дека „надворешниот свет“ едноставно не разбира, објави Данската радиодифузна корпорација (ДР).

Оваа недела, таа објави интервју со 20-годишник што учествувал во убиството на делфините во почетокот на овој месец. Оттогаш тој среќно го дистрибуира месо од тој лов меѓу своето семејство и пријателите.

Младиот човек рече дека „целосно се согласува“ дека убивањето толку многу животни одеднаш е „премногу“, но додаде дека тој и другите локални жители пак би го сториле тоа. „Секако дека треба да ги убиеме. Тоа е сѐ што имаме тука на Фарските Острови. Ние немаме големи фарми за свињи или крави, па срамота е да не можеме да го искористиме она што го имаме - тоа за нас е храна“, рече тој за ДР.

Сепак, според Рид, цитиран во британски Дејли мејл, овие денови на Фарските Острови „нема никаква потреба“ од месо од делфини и китови, а традицијата сега „веќе е станата спорт“.

Британски активист за правата на животните покрена онлајн-петиција за ставање крај на „варварската“ традиција. Неговиот повик до британската влада „да ги суспендира трговските договори со Фарските Острови додека не завршат сите ловења китови и делфини“ собра повеќе од 17.000 потписи, што значи дека Парламентот мора да одговори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе