Не го слушнале возот поради огномет

Над 50 мртви откако воз налета на луѓе во Индија (ВИДЕО)

Повеќе од 50 луѓе се мртви а 200 повредени откако воз налета на луѓе кај Армитсар на северот на Индија, во близина на границата со Пакистан, јави Би-би-си. Околу илјада луѓе стоеле покрај шините и на нив додека гледале огномет по повод верски фестивал.

Меѓуградскиот воз со голема брзина налетал на луѓето кои седеле на шините, а се стравува дека најмалку 50 луѓе загинале, потврди полицијата на индиската држава Пунџаб.

„Луѓето седеа на шините и околу нив во предградие на Армитсар, гледајќи го палењето на карневалски фигури на фестивалот Душера, кога на нив налета возот“, изјави за Ројтерс претставник на полицијата.

Новинската агенција АНИ извести дека еден сведок кажал дека возот на луѓето налетал со огромна брзина.

Амаридер Синг, управителот на индиската држава Пунџаб, изјави дека заминува за Амритсар за да го надгледува помагањето и спасувачката акција.

„Окружните власти се мобилизирани на ниво на воена готовност“, напиша на Твитер Синг.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе