Авганистан

Над 27 мртви на церемонија во Кабул, ИСИС ја презеде одговорноста (ВИДЕО)

Најмалку 27 лица загинаа, а 55 се повредени во ракетен напад врз учесниците на церемонијата за еден шиитски лидер во авганистанската престолнина Кабул.

Најмалку 27 луѓе загинаа во напад за кој одговорноста ја презеде групата ИСИС, на церемонија во авганистанскиот главен град, на која присуствувал и поранешниот премиер на оваа земја Абдулах Абдулах, кој не е повреден. Извор од НАТО рекол за Ројтерс дека бројката на загинати е нешто повисока.

ИСИС на својот веб-сајт соопшти дека убиле и раниле 150 луѓе, без да даде доказ.

Портпаролот на Министерството за здравство Вахидулах Мајар изјави дека повредените се префрлени во болниците во Кабул, пренесе АП.

Според зборовите на портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахми, сите жртви се цивили.

Ова е прв голем напад во Кабул откако во Доха е потпишан договор меѓу САД и талибанците, јави Ројтерс.

Талибанците соопштија дека немаат врска со нападот.

„Нападот почна со продорна експлозија, очигледно во близина експлодира ракета, но Абдула и другите политичари успеаја да се засолнат и да поминат без повреди“, рече Фраидун Квазун, претставникот за јавност на Абдула.

Агенциите ги пренесоа снимките на локалната телевизија, на кои се гледа дека луѓето по експлозијата бегаат во паника.

Министерот за внатрешни работи потврди дека на самото место се упатени специјалните единици на полицијата, додека претседателот на Авганистан Ашраф Гани го осуди нападот како злосторство против човештвото.

Хазарите се главно припадници на шиитската верска група, кои се честа цел на напад на сунитските екстремисти во Авганистан.

Исламска држава порано ги напаѓаше авганистанските шиити, кои ги смета за еретици.

Свеченоста чии учесници се нападнати била во чест на локалниот лидер на Хазарите, Абдула Али Мазари, кого го убиле талибанците во 1995 година кога се обидувале да ја преземат контролата над Кабул, градот разурнат во граѓанската војна на муџахединските групи, меѓу кои и на таа на Мазари.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе