Над 200.000 Чеси протестираа против премиерот и претседателот: „Тука сме“ (ФОТО)

Речиси четвртина милион Чеси протестираа против премиерот и претседателот, обвинувајќи ги дека ја поткопуваат демократијата во таа длабоко поделена нација, која во недела ја слави 30-годишнината од Кадифената револуција.

Демонстранти од целата земја, која има 10,7 милиони население, се собраа во паркот Летна, мавтајќи со чешки и европски знамиња на местото на масовните протести во ноември 1989 година, кога комунизмот во поранешната Чехословачка падна мирно, веднаш по падот на Берлинскиот ѕид.

Многумина извикуваа „Тука сме“, како и пред 30 години за време на протестите што на власт го доведоа Вацлав Хавел.

Организаторите сакаат премиерот Андреј Бабиш да ги прекине врските со својата компанија Агроферт, тврдејќи дека е во судир на интереси или до крајот на годината да си поднесе оставка. Тој негира какви било неправилности.

„Борбата за слобода и демократија никогаш не запира“, истакна Бенџамин Рол, потпретседател на организацијата „Милион моменти за демократија“, која го организираше протестот.

Говорниците, вклучително и поранешни дисиденти, кои исто така зборуваа и на митинзите во 1989 година, истакнаа дека Бабиш и претседателот Милош Земан не треба да ја вршат должноста.

Полицијата процени дека се собрале 200.000 луѓе, а организаторите велат дека станува збор за 250.000 луѓе.

Бабиш и неговата популистичка партија АНО се далеку најпопуларни во земјата, но тие исто така предизвикуваат големи поделби поради неговото минато бидејќи бил член на Комунистичката партија и имал врски со тајната служба.

Земан, кој се залага за подобри односи со Русија и Кина, ги оцени протестите како недемократски затоа што не признаваат дека е донесена одлука да се отфрлат обвиненијата за измама против Бабиш и дека парламентот ги отфрли повиците и тој лично да се повлече.

Во неодамнешното интервју за чешкиот портал Парламентни Листи, тој наведува дека 1,5 милиони луѓе гласале за Бабиш, а за него 2,85 милиони, па протестот во Летна во однос на тоа е мал.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе