За слободни локални избори

Над 20.000 луѓе демонстрираа во центарот на Москва (ВИДЕО)

Над 20 илјади луѓе, меѓу кои и лидерите на руската опозиција, се собраа денес во центарот на Москва барајќи слободни и чесни локални избори, со повиците „Русија ќе биде слободна!“, „Срамота!“ и „Ова е наш град!“.

Опозицијата повика на протести откако руските власти ги поништија пријавите на околу шеесетина кандидати за изборите за московското градско собрание најавени за септември.

„Ова е очигледно најголемиот опозициски собир во последните години“, изјави политичкиот противник на Кремљ, блогерот и активист против корупцијата Алексеј Навални, кој со соработниците беше учесник на протестот.

Невладината организација Бел бројач, специјализирана за процена на бројот на учесници на собирите, објави дека најмалку 22.500 луѓе присуствувале на собирот одобрен од власта.

Дел од демонстрантите носеа транспаренти „Не за Путин!“ и „Имам право на глас“ заедно со руските знамиња.

Во обраќањето до демонстрантите 43-годишниот Навални побара од власта до следната сабота да ги прифати пријавите на сите кандидати. Во спротивно, како што кажа, ќе организира нов голем протест пред градското собрание.

Адвокатката Љубов Собол (31), која е исклучена од изборната трка и е блиска соработничка на Навални, кажа дека е сигурна во победата. „Нема да се откажеме“, кажа таа.

Московската изборна комисија во средата исфрли од предизборната трка 57 кандидати, главно од опозицијата, поради формални пропусти и неправилности за кои опозицијата тврди дека се измислени.

Московјаните на регионални и локални избори на 8 септември на петгодишен мандат ќе избираат 45 советници на локалното собрание кои ќе имаат задача да ги одобруваат одлуките на градоначалникот Сергеј Собјанин, кој е лојален на Кремљ.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе