Над 20 мртви, 100 ранети во експлозија во турски пограничен град и во Кобане (ФОТО)

Најмалку 20 луѓе се убиени, а над 100 се повредени во експлозија што го погодила културниот центар во градот Суруч, во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија, јавија локалните медиуми.

Сведоци за Ројтерс рекле дека има повеќе од 20 мртви.

„Видов повеќе од 20 тела. Мислам дека бројот на повредените е повеќе од 50. Тие сè уште се внесуваат во амбулантни возила“, рекол еден сведок за агенцијата по телефон.

„Амбулантни и приватни автомобили ги земаат повредените. Многумина се мртви - 20 или 30. Одам во болница за да помогнам“, рекол Адам Башо, локален политичар.

Според турскиот канал НТВ, во експлозијата веројатно загинале 25 луѓе, а повеќе од 100 се повредени.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата, на околу 10 километри од сирискиот пограничен град Кобане, кој со месеци е место на крвави битки на Курдите со ИСИС, која упорно го напаѓа и не може да го заземе градот.

Некои турски медиуми јавуваат дека се чини дека експлозијата е од касетна бомба. Теории дека зад експлозијата стои бомбаш-самоубиец, исто така, се појавија во турските медиуми.

Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за „терористички напад“.

 

Експлозија и во Кобане

Експлозија од автомобил-бомба го погоди и соседно Кобане, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Целта наводно бил контролен пункт на милицијата на курдските сили ЈПГ.

<script async src="//platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>

Засега не е познато дали експлозиите во Суруч и Кобане се поврзани.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе