Кина е највакцинираната земја со скоро 393 милиони дози, според податоците на веб-страницата. Следуваат САД со повеќе од 270,83 милиони дози. Индија дала 181,54 милион дози, Велика Британија 56,02 милиони, а Бразил над 52,64 милиони. Германија има дадено 39,41 милиони дози, Франција 28,47 милиони, а Италија 27,01 милиони дози.
Списокот продолжува со Турција, која дала повеќе од 25,78 милиони дози. Следуваат Русија, Индонезија и Мексико.
Земјата со најмногу дози на вакцини дадени според бројот на жители е источноафриканската островска држава Сејшели, со 133 дози на 100 луѓе.
Повеќето вакцини против ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на дадените дози не значи дека вакцинирањето на тој број лица е завршено.
Од декември 2019 година, пандемијата однела над 3,37 милиони животи во 192 земји и региони, со повеќе од 162,59 милиони случаи пријавени низ светот, според бројките до кои дошол американскиот универзитет Џонс Хопкинс.
САД, Индија и Бразил остануваат најтешко погодени земји во однос на бројот на заразените.