Над 1,45 милијарди дози вакцина против коронавирусот дадени низ светот

Досега се дадени повеќе од 1,45 милијарди дози вакцина против коронавирусот низ целиот свет, покажаа денеска бројките на „Нашиот свет во податоци“.

Фото: ЕПА

Кина е највакцинираната земја со скоро 393 милиони дози, според податоците на веб-страницата. Следуваат САД со повеќе од 270,83 милиони дози. Индија дала 181,54 милион дози, Велика Британија 56,02 милиони, а Бразил над 52,64 милиони. Германија има дадено 39,41 милиони дози, Франција 28,47 милиони, а Италија 27,01 милиони дози.

Списокот продолжува со Турција, која дала повеќе од 25,78 милиони дози. Следуваат Русија, Индонезија и Мексико.

Земјата со најмногу дози на вакцини дадени според бројот на жители е источноафриканската островска држава Сејшели, со 133 дози на 100 луѓе.

Повеќето вакцини против ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на дадените дози не значи дека вакцинирањето на тој број лица е завршено.

Од декември 2019 година, пандемијата однела над 3,37 милиони животи во 192 земји и региони, со повеќе од 162,59 милиони случаи пријавени низ светот, според бројките до кои дошол американскиот универзитет Џонс Хопкинс.

САД, Индија и Бразил остануваат најтешко погодени земји во однос на бројот на заразените.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе