Според ООН

Над 130 земји немаат ниедна вакцина против ковид-19, додека 10 земји употребија 75% од сите вакцини

Само 10 земји употребија 75% од достапните количества вакцини против ковид-19 во светот, додека повеќе од 130 земји не ги добиле ниту првите дози, според генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Фото: ЕПА

Не е фер, рече Гутереш, толку малку земји да контролираат најголем дел од количествата вакцини во светот. За да се реши таа нееднаквост, генералниот секретар предложи членовите на Г20 да создадат итна работна група за промовирање на глобален пристап до вакцини.

„Во овој критичен момент, рамноправноста во однос на вакцините е најголемиот морален тест за глобалната заедница“, рече тој на виртуелниот состанок во средата со Советот за безбедност на ООН.

Низ светот се применети околу 188 милиони дози на вакцини, според дигиталната база на податоци „Нашиот свет во податоци“. Десетици милиони од тие дози отидоа во САД, Кина, Велика Британија и Израел.

Гутереш не ги именуваше 10-те земји што употребиле три четвртини од сите вакцини против ковид-19. Но САД секако се меѓу нив - повеќе од 72,4 милиони вакцини се дистрибуирани таму, а над 56 милиони од нив се администрирани, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, вели Си-ен-ен.

Предложената работна група ќе вклучува членови на Групата од 20. Таа е составена од земји со најголемите економии во светот, кои ќе обезбедат пари и научна експертиза за да ги направат вакцините подостапни за земјите од „светскиот југ“, во кои спаѓаат земјите во Африка, Латинска Америка и Јужна Америка.

Работната група ќе извршува слични функции како КОВАКС, иницијатива од Алијансата за вакцини, позната како Гави, и Светската здравствена организација (СЗО). Таа иницијатива беше создадена за купување вакцини на големо и нивно испраќање до посиромашните нации што не можат да се натпреваруваат со богатите земји во обезбедувањето договори со најголемите компании за производство на лекови.

КОВАКС работи на доставување 2 милијарди дози на вакцини во земјите од светскиот југ.

Предлогот на Гутереш доаѓа истата недела кога Мексико посочи дека ќе поднесе тужба до Советот за безбедност на ООН во врска со „неправедното“ дистрибуирање на вакцините, за кое министерот за надворешни работи Марсел Ебрард рече дека ги фаворизира побогатите земји.

Во јануари Гутереш ги повика земјите да се посветат на споделување на вишокот вакцини, конкретно повикувајќи ги најбогатите земји во светот што примиле милиони дози.

„Водечките светски економии имаат посебна одговорност. Сепак, денес гледаме вакцински вакуум. Вакцините брзо стигнуваат до земјите со висок приход, додека најсиромашните во светот воопшто ги немаат“, рече Гутереш во видеопораката минатиот месец.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе