Вашингтон

Националната гарда го чува Капитол, почна расправата за импичмент на Трамп (ФОТО)

Во моментов во американски Капитол се одвива расправата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, а присуството на војниците на Националната гарда е потсетување на насилството што се случи таму минатата недела.

Фото: ЕПА
 

На една фотографија, направена од фотограф на Њујорк тајмс, се гледаат војници што одмораат во ходникот низ кој често поминува Ненси Пелоси на пат кон нејзината канцеларија.

Бистата до која одмораат гардистите е во чест на војниците што биле распоредени во Капитол за време на американската Граѓанска војна.

Новинарка на Си-ен-ен сподели твит споредувајќи фотографии од денешните војници во Капитол со скици на војниците во Капитол за време на Граѓанската војна.

Осум дена пред истекот на мандатот на Трамп, Претставничкиот дом гласа за резолуцијата за отповикување, во која го обвинува републиканскиот претседател за поттикнување бунт во говорот пред неговите приврзаници пред тие насилно да упаднат во седиштето на парламентот, што резултираше со пет смртни случаи.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе