Началникот на здравствената служба на САД: Сите мора да се однесуваме како да го имаме вирусот (ВИДЕО)

Началникот на здравствената служба на САД д-р Џером Адамс гостуваше денес ов емисија на Ен-би-си во која објасни дека сите треба да се однесуваме како да сме заразени со коронавирусот.

Тој објасни дека мисли на луѓето кои можеби не ги почитуваат превентивните мерки откако се тестирани негативно на вирусот ковид-19. И покрај тоа, непочитувањето на мерките може да предизвика ширење на вирусот.

„Ако на време ги правиме ти нешта, ги чистиме површините во кои живееме, ги миеме рацете, држиме одалеченост од еден метар со другите луѓе, така најдобро ќе се заштитиме од оваа болест. Пристапот кон овие мерки не би требало да се менува без оглед на резултатот од тестот на коронавирусот. Може да бидете негативни, а да сте во инкубацискиот период и да го ширите вирусот понатаму“, напомена Адамс.

Во САД 4.226 лица се заразени со новиот вирус, а има 75 потврдени смртни случаи. Сепак, бројката би можела да биде многу поголема поради неподготвеноста на федералните власти и недостигот од тестови.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе