Набљудувач на ОН: Иран во подземен објект го крши нуклеарниот договор

Иран почнал да збогатува ураниум со трета серија напредни центрифуги ИР-2м во својот подземен објект во Натанз, кажа нуклеарен набљудувач на Обединетите нации, што претставува кршење на нуклеарниот договор на Техеран од 2015 година со големите сили.

EPA-EFE

Иран неодамна почна забрзано да ги крши условите од договорот со кој беше ослободен од економските санкции во замена за ограничување на нуклеарните активности.

Техеран почна да ги крши ограничувањата откако во 2018 година тогашниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите Американски Држави од договорот и ги врати санкциите против Иран.

Изгледа дека намерата на засиленото кршење на условите од договорот е зголемување на притисокот врз наследникот на Трамп Џо Бајден. Новиот американски претседател сака да го заживее договорот, но Вашингтон и Техеран се во конфликт околу тоа кој прв би требало да отстапи.

Со договорот на Иран му е дозволено збогатување на ураниум само со првата генерација центрифуги ИР-1 во подземниот комерцијален објект ФЕП во Натанз. Иран во октомври почна со збогатување со првата серија машини ИР-2м кои се далеку поефикасни.

„Агенцијата на 7 март 2021 во ФЕП потврди дека Иран почнал да внесува природен УФ6 (ураниум хексафлуорид) во трета каскада центрифуги 174 ИР-2м“, се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) во кој увид имала агенцијата Ројтерс и се однесува на ураниум хексафлуорид, форма во која ураниум се става во центрифугите за да се прочисти.

„Четвртата каскада центрифуги 174 ИР-2м е поставена, но допрва треба да се полни со природен УФ6, поставувањето на петтата каскада центрифуги ИР-2м во тек, а поставувањето на шестата каскада центрифуги ИЕ-2м допрва треба да почне“, се додава.

Покрај своите машини ИР-1 Иран сега користи центрифуги 522 ИР-2м за збогатување ураниум до пет отсто фисиска чистота во ФЕП, додаде ИАЕА. Тоа го надминува прагот од 3,67 отсто збогатен ураниум кој е дозволен со договорот, но е помал од прагот од 20 отсто, што е нивото на кое ураниумот се збогатува во другиот погон во Фордо.

Ураниумот збогатен на ниво од 90 отсто може да се користи за изработка на атомско оружје.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе