На згради во Франција проектирани насловните на Шарли ебдо со карикатурите на Мухамед (ВИДЕО)

Франција минатата недела ја згрози бруталната ликвидација на наставникот по историја Самуел Пати, на кого тинејџер со потекло од Чеченија му ја отсече главата во предградие на Париз, го сними нападот и го објави на социјалните мрежи, поради карикатурите на Мухамед кои Пати им ги покажувал на учениците.

Screenshot

Како дел од изразувањето почит кон Пати вчера на владините објекти во некои француски градови беа проектирани насловните страници на сатиричниот весник Шарли ебдо со цртежи на Мухамед. Францускиот сатиричен магазин сана светски славен по исмалистичкиот напад во јануари 2015, кога браќата Шериф и Саид Куачи упаднаа во редакцијата и убија 12 луѓе.

Цртежите на Мухамед беа проектирани на градските згради во Монпеље и Тулуз, а Пати доби и спомен-обележје на чие откривање во Париз присуствуваше и претседателот Емануел Макрон.

Макрон Пати го опиша како „тивок херој кој беше олицетворение на вредностите на Француската Република“. Постхумно му го додели орденот Легија на честа, највисоката француска цивилна чест.

Легенда под Главна слика

Screenshot

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе