Најсмелата операција на Путин за Интерпол

На запад здивеа кога дознаа кој би можел да биде нов шеф на Интерпол!

Во Москва тријат раце од задоволство, бидејќи големи се шансите на денешната седница на Извршниот одбор на Интерпол за нов претседател на организацијата да биде избран Русинот Александар Прокопчук. Путин како од шега ќе доаѓа до важните информации.

Седницата се одржува во Дубаи, а Прокопчук на чело на Интерпол може да се искачи бидејќи Кина своеволно го отстрани својот претседател. Имено, кон крајот на септември, тогашниот претседател, Кинезот Менг Хонгвеј, од седиштето на Интерпол во Лион заминал дома. Тој и понатаму бил на позицијата заменик-министер за јавна безбедност. По слетувањето во Пекинг, ѝ испратил на сопругата слика со нож и ѝ кажал да чека нова порака, а која воопшто не стасала.

Кина после неколку дена потврди дека Менг е уапсен под сомнение за корупција, а во исто време во Интерпол пристигнало негово писмо со кое бара моментално разрешување од функцијата.

Двајца кандидати се во трката за завршување на четиригодишниот мандат што Менг требало да го заврши во 2020 година: сегашниот привремен претседател Јужнокореецот Ким Џонг Јанг и поранешниот висок руски официјален претставник Александар Прокопчук, пренесе Индипендент.

Според британскиот дневник Тајмс „британските официјални лица очекуваат Александар Прокопчук (56), ветеран на руското министерство за внатрешни работи, да биде избран за претседател на Интерпол".

На оваа информација веднаш реагираа критичарите на Кремљ, особено британскиот инвеститор Вилијам Браудер, како и американските сенатори.

„Тука е просторијата каде Путин ќе се обиде на својата најсмела операција: да го преземе Интерпол за да може да ги рашири криминалните пипала до секој агол на светот“, рече Браудер како одговор на твитот од твитер профилот на Интерпол.

Во отвореното писмо во понеделникот, четири сенатори ги повикаа делегатите на Интерпол да ја отфрлат кандидатурата на Прокопчук.

Александар Прокопчук во 2016 година е избран за потпретседател на Интерпол, а станува збор за искусен професионалец, како стои на официјалните страници. Во моментов е на чело на рускиот оддел за Интерпол во Министерството за надворешни работи. Студиите, кои не оддавале дека би можел да се предаде на полициска работа, ги завршил во Киев, дипломирал романистика и германистика.

На тоа ја додал и Руската национална даночна академија, но дури во 2000 година. Дотогаш, работел во повеќе безбедносни агенции кои се занимавале и со борба против корупцијата. Рускиот претседател Владимир Путин во 2003 година му дал чин генерал мајор. Но воен. Ова се толкува со една реченица: Учесник во воени операции.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе