На Венеција поради поплавите ѝ се заканува губење на статусот на заштитено светско наследство (ВИДЕО)

Венеција би можела да го загуби статусот на заштитено светско културно наследство ако не успее да се заштити од сѐ полошите поплави, предупредија вчера претставници на УНЕСКО, нудејќи помош во заштитата на градот.

„Најважните згради што се наоѓаат во областа што е заштитена како светско културно наследство се загрозени... тоа многу нѐ загрижува, особено бидејќи ова не е издвоен случај“, кажа Мечтилд Реслер, директорка на Центарот за светско наследство.

Венеција месецов ја погоди најголемата плима во повеќе од 50 години, од дури 1,8 метри, нанесувајќи голема штета.

Досега само две локации се отстранети од листата на заштитено светско културно наследство. Тоа се арапскиот храм Орикс во Оман во 2007 поради недоволна заштита и долината на реката Лаба кај Дрезден во 2009 каде што беше изграден мост.

Имајќи предвид дека на Венеција ѝ се закануваат сѐ почести поплави, советодавната мисија на УНЕСКО треба да го посети градот во 2020, а Центарот за светско наследство подготвува испраќање експерти кои со градските власти треба да проценат што треба да се направи и да помогне во собирањето средства за обновата.

Венеција со своите 118 островчиња и лагуна е прогласена за заштитено светско наследство во 1987 година.

Реслер предупреди дека високата плима во Венеција е јасен доказ за сѐ полошите климатски промени и порача дека УНЕСКО и националните и градските власти мораат со тоа долгорочно да се позанимаваат.

Се стравува и дека браната МОСЕ, чија изградба заглави во „илјадници“ проблеми, нема да биде доволно да го заштити градот.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе