На унгарско-српската граница откриен тунел за нелегален влез на емигранти

Унгарската полиција открила за време на викендот тунели под жичената ограда на унгарско-српската граница и во посебни акции спречила нелегален влез на повеќе од 300 емигранти, јави РТС.

EPA-EFE

Тунелот со должина од 24 метри бил откриен во соработка со војската во близина на унгарското место Морахалом, а се верува дека служел за нелегален влез на емигранти во Унгарија преку која би продолжиле кон западна Европа.

Ова е трет подземен премин под оградата откриен во последната година во тој регион.

Граничната полиција уапсила 54 лица кои се обидувале да ја прескокнат или пресечат жичената ограда на унгарско-српската граница во времето кога 258 емигранти биле фатени во пограничната зона без документи.

Меѓу нив најмногу се изјасниле како Сиријци, но има и државјани на Ирак, Иран и Авганистан, како и Палестинци.

Унгарија од крајот на мај бележи голем пораст на бројот на емигрантите кои се обидуваат нелегално да влезат во земјите на Европската Унија, а само минатата недела имало речиси 900 обиди за нелегално влегување.

Унгарските власти повторуваат дека Унгарија нема да ја тргне оградата на границата со Србија, туку ќе ја засили одбраната на Шенгенската зона за да им го оневозможи на емигрантите влезот во ЕУ.

Освен на северот на Војводина, обиди за нелегално преминување на границата се бележат и на југозападот на покраината, на српската граница со Хрватска.

Кон средината на мај во околината на Шид распоредена е специјална и воена полиција за заштита на локалното население од емигрантите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе