На улиците на Франција милион луѓе, заедно против владата (ВИДЕО)

Штрајкот кој го наруши јавниот сообраќај и ги затвори училиштата низ Франција денес влезе во својот втор ден, а синдикатите најавуваат дека планираат да штрајкуваат сѐ додека претседателот Емануел Макрон не се откаже од планираната пензиска реформа.

Штрајкот го стави Макрон, 41-годишниот банкар кој дојде на власт во 2017 со ветување за отворање на виско регулираната француска економија, против моќните синдикати кои тврдат дека со тоа се влошува статусот на работниците.

Исходот ќе зависи од тоа кој прв ќе попушти – синдикатите кои ризикуваат губење на јавната поддршка ако нарушувањето на секојдневието трае предолго или владата која стравува дека гласачите би можеле да застанат со синдикатите и да ја обвинат за хаосот на улиците.

Железничките синдикати гласаа за продолжување на штрајкот до денес, додека синдикатите на парискиот јавен превоз одлучија штрајкот да трае до понеделник. Останатите работници за траењето на штрајкот ќе одлучат денес.

„Ќе протестираме најмалку една недела, а на крајот на таа недела владата ќе биде таа што ќе попушти“, прогнозира 50-годишниот вработен во парискиот јавен превоз Патрик дос Сантос.

Вчера на улиците на француската престолнина излегоа неколку десетици илјади луѓе, поради што мораше да биде затворен и дел од музејот Лувр.

Полицијата проценува дека низ Париз маршираа 65 илјади луѓе, а дека низ Франција имаше речиси милион демонстранти. Синдикатите објавија значително поголеми бројки.

Силите за безбедност во Париз употребија солзавец откако демонстрантите фрлија пиротехника на полицијата, уништуваа автобуски станици и палеа контејнери. Уапсени се десетици луѓе, а синдикатите истакнуваат дека оние кои вршат насилство не се со нив.

Макрон сака да го поедностави масивниот француски пензиски систем кој се состои од над 40 верзии, од кои многу имаат различна возраст на пензионирање и бенефиции.

На пример, железничарите, поморците, балерините и балетаните можат да се пензионираат десет години пред другите работници.

Францускиот претседател тврди дека таквиот систем е неправеден и прескап и заговара единствен систем.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе