Пентагон потврди

На турските пилоти им е забрането да летаат со американските воени авиони Ф-35

На турските пилоти им е забрането да летаат и да се обучуваат во борбените авиони Ф-35 во базата на американските воздухопловни сили Лук во Аризона.

Забраната ја потврди Пентагон, а станува збор за притисокот на Вашингтон врз Анкара за турските власти да се откажат од купувањето на противвоздушниот ракетен систем С-400 од Русија.

„Министерството за одбрана е запознаено дека турските пилоти повеќе не летаат“, изјави за Ројтерс воениот функционер Мајк Енруз.

Четворица турските воени пилоти и 47 припадници на екипажи учествуваа во обуката во Аризона каде учеа како да ги користат и одржуваат воените повеќенаменски ловци од петтата генерација Ф-35, од кои четири веќе пристигнаа во Турција. Планирано е турските воздухопловни сили да ги користат првите авиони од ноември, но и рускиот одбранбен систем С-400 кој треба да пристигне летоска.

Додека Анкара смета дека има право на различни доставувачи на оружје, Вашингтон бара целосна лојалност и инсистира владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган да купува само оружје кое е одобрено од НАТО. Меѓутоа, Турција тврди дека купувањето на рускиот систем С-400 вреден 2,5 милијарди долари е веќе готова работа, но дека е спремна на формирање работна група за Американците да се уверат дека нема причини за грижа.

Анкара инвестираше 1,25 милијарди долари во Ф-35 програмата и произведува делови од кокпитот, трапот за слетување и екрани за кабината. Поради тоа инсистира дека Америка мора да ги испорача сите 100 авиони.

Претходно секретарот на американското министерство за одбрана Патрик Шанахен го предупреди турскиот колега Хулуси Акар дека Ф-35 програмата ќе биде суспендирана од 31 јули ако Турција не го смени својот став.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе