На Турција ѝ се закануваат санкции доколку ѝ го препродаде ракетниот систем С-400 на Америка

Русија ќе има право да примени санкции доколку Турција го прифати предлогот на Америка за продажба на противвоздушните ракетни системи С-400 „триумф“.

EPA-EFE

Ова го смета претседателот и член на извршниот комитет на руската Асоцијација за меѓународното право Анатолиј Капустин, пренесува Спутник.

Американскиот републикански сенатор Џон Тјун предложи да се решат несогласувањата меѓу САД и Турција, настанати поради тоа што Анкара ги купи руските системи С-400, со тоа што Вашингтон ќе ги купи тие системи од Турција, се наведува во текстот за предлог дополнување на законот за одбранбен буџет на САД. Условот за купувањето е гаранција од Анкара дека за добиените пари нема да купува воена опрема која не одговара на барањата на НАТО.

„Тој предлог целосно се вклопува во претставата на „Вујко Сем“ – непринципиелен функционер кој може сѐ да купи и продаде. Може да се предлага сешто, но друго прашање е како ќе се однесува Турција. Мислам дека не е во нивниот интере да се согласат на такви предлози, бидејќи, нормално, тоа ќе доведе до влошување на односите меѓу Русија и Турција, па дури и до примена на санкции од наша страна“, кажа Капустин.

Како што истакна, ако некој ги крши меѓународните обврски, мора да сноси одредена одговорност, а Русија ќе ја искористи таа можност.

„Мислам дека тоа го знаат и Американците и Турција“, прецизираше рускиот експерт и потсети дека воените договори, по правило, се затворени и еднократни, и дека веројатно содржат и забрана за повторен извоз.

„При склучувањето какви било надворешнотрговски договори секогаш се поставуваат одредени услови за користење на производот кој го купува некоја страна. Задолжително постои услов за ограничено користење на одредена територија, за неширење на доверливите прашања. Можни се и други ограничувања поврзани со предавање на патентите и други информации, кои следат со договорот“, истакна експертот.

Според него, што се однесува до конкретниот договор на Русија и Турција, тој не е запознаен со неговата содржина, но смета дека слични прашања се регулирани во него, бидејќи Русија веќе се соочувала со ситуации кога уште во времето на Советскиот Сојуз им испорачувала на сојузниците вооружување, на пример автоматски пушки АК-47 „калашњиков“, им помагала да воспостават производство, но понекогаш заборавале да вклучат ограничувања.

„Затоа нашите поранешни сојузници, Бугарија и низа други земји, произведуваа оружје кое беше патентирано во Русија, и без наша дозвола им го продаваа на различни земји, дури и во зони на конфликт, каде беше користено против нас. Мислам дека тоа горко искуство е земено предвид“, истакна Капустин.

Меѓутоа, предлогот на американскиот сенатор не го вклучува прашањето дали Турција сака и дали има право на продажба на С-400 без дозвола на Русија.

Тјун е координатор на франкција на републиканците во Сенатот на САД. Меѓутоа, неговата висока позиција не гарантира дека републиканците ќе го поддржат неговиот предлог.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе