На првите јавни сослушувања сведоци

„На Трамп му е поважна истрагата за Бајден од американската политика кон Украина“ (ВИДЕО)

Вилијам Тејлор за време на сведочењето во првиот ден од јавната расправа рече дека член на неговиот персонал го слушнал Трамп како се распрашува за „истраги“ во Украина.

Вршителот на должноста американски амбасадор во Украина Вилијам Тејлор денеска сведочи во првите јавни сослушувања сведоци во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Тејлор на сослушувањето рече дека американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сондланд, му рекол на еден од Тејлоровите помошници дека на Трамп му се поважни „истрагите за Бајден“ отколку политиката на САД кон Украина.

И додека портпаролката на Белата куќа тврдеше дека Трамп не ги гледа сослушувањата, туку „си работи“, тој за тоа време реобјави низа твитови на разни републиканци што го бранат него.

„Се обидуваат да ме запрат бидејќи јас се борам за вас. И никогаш нема да го дозволам тоа“, објави тој на Твитер.

Во меѓувреме во посета на Трамп во Белата куќа пристигна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На прашањето од новинарите за јавното сослушување за импичментот, Трамп рече: „Тоа е лов на вештерки, тоа е измама. Премногу сум зафатен за да го гледам. Не ме брифираа“ и додаде: „Тие користат адвокати што се телевизиски адвокати“.

Овие сослушувања сведоци се прелиминарен процес со кој конгресните комисии во Претставничкиот дом настојуваат да утврдат дали постои основа за отповикување на Трамп.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе