На Србинот кој формирал група со одмаздничка порнографија му се заканува 8 години затвор

Во Србија, во обвинителството за борба против високотехнолошки криминал, во петокот е сослушан Немања Стојиљкович (25) од Ниш кој е осомничен дека бил администратор на група на апликацијата Телеграм и дека јавно објавувал фотографии и видеа со порнографска содржина направени со искористување на малолетни лица.

Фото: Фејсбук

„Осомничениот ја презентираше својата одбрана, која ќе биде проверена во продолжение на кривичната постапка“, изјави обвинителството за Блиц.

По сослушувањето, обвинителството достави предлог до судијата по претходна постапка на Високиот суд во Белград да му одреди на Стојиљкович мерка забрането приближување, среќавање или комуницирање со неколку конкретни лица, како и за посетување одредени места поврзани со кривичното дело за кое се товари, додаваат од обвинителството.

Како што дознава Блиц, обвинителството ќе продолжи интензивно да работи со полицијата за утврдување докази за постоење кривично дело и одговорност на лицата, не само во врска со оваа група за комуникација преку социјалните мрежи, туку и други за кои има информации за евентуално извршување на кривични дела.

Стојиљкович е обвинет за кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетни лица за порнографија, соопшти српското МВР.

За ова дело, во зависност од начинот на извршување и последиците, можната казна се движи од парична казна и шест месеци затвор, до осум години затвор.

Истрагата за овој случај е покрената по наредба на министерот за внатрешни работи, Александар Вулин и директорот на полицијата, Владимир Ребич.

Воочи Меѓународниот ден на жената, на социјалните мрежи во Србија се појави веста дека на апликацијата за допишување Телеграм постои група, која собира дури 36.000 мажи од Балканот за споделување на ваква одмаздољубива порнографија.

Оваа група, наречена „Екс-Ју балканска соба“, по реакцијата на јавноста го сменила името и ги избришала сите објави. Сепак, дотогаш, во неа без дозвола биле споделувани приватни фотографии и снимки на девојки од Србија и други држави во регионот, како и лични податоци за нив, дури и адреси.

Легенда под Главна слика

Фото: Фејсбук

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе