На снимката од убиството на новинарот се слуша: „Кажи му на твојот шеф работата е завршена“

Советникот за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон во вторникот изјави дека смета дека снимката поврзана со убиството на Џамал Кашоги, која ја поседува турската разузнавачка служба, не е никаков доказ дека во целиот случај е вклучен и саудискиот принц Мохамед бин Салман.

„Тоа не е заклучок до кој дојдоа луѓето кои ја слушнаа“, одговори тој за новинарите на прашањето дали снимката посочува на одговорноста на принцот. Тој нагласи дека самиот не ја слушнал снимката, за која турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е страшна и дека го шокирала дури и саудискиот агент кој ја преслушал.

Ваквиот коментар е уште попарадоксален во контекст на веста објавена од страна на Њујорк тајмс, а според која еден од саудиските агенти кои го ликвидирале Кашоги на снимката телефонира до надредениот и на арапски му вели „кажи му на твојот шеф“, дека „работата е завршена“. Шефот, уверени се американските разузнавачки агенти со кого разговарале Њујорк Тајмс, е никој друг туку принцот Мухамед.

„Таков телефонски повик е најблису што може да се дојде до непобитен доказ. Тоа е прилично инкриминирачки доказен материјал“, коментираше поранешниот службеник на ЦИА, кој сега работи за Брукингс Институт, Брус Ридел.

Претседателот на САД Доналд Трамп во вторникот го назначи пензионираниот генерал Џон Абизаид за американски амбасадор во Саудиска Арабија, во време кога врз Вашингот се врши притисок да одговори на убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Белата куќа соопшти дека Трамп го избрал Абизаид, кој како генерал-мајор со четири ѕвездички командувал со американската Централна команда за време на војната во Ирак, за да биде амбасадор на Вашингтон во Ријад. Абизад сѐ уште треба да биде потврден од Сенатот.

Покрај скандалот со смртта на Кашоги, Вашингтон, исто така, е на мета на критики од американските законодавци поради поддршката на саудиската воена интервенција во граѓанската војна во Јемен.

САД немаат амбасадор во Саудиска Арабија откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година.

Кашоги, колумнист на Вашингтон пост и критичар на саудиската власт е убиен на 2 октомври

Саудиска Арабија првично негираше каква било вмешаност во убиството на Кашоги, но подоцна саудискиот државен обвинител изјави дека било планирано убиство.

Трамп не сака да ја казни економијата на Саудиска Арабија, од повеќе причини како трговијата со воена опрема и инвестициите во американските компании тешки повеќе милијарди долари.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе