На Словенците ковид-потврди ќе им бидат потребни и за работа од дома

Ковид-потврда во Словенија мора да имаат и вработените кои работат од дома, објавија словенечките медиуми, повикувајќи се на министерството за труд.

EPA-EFE

Словенија воведе ковид-потврди за работа, влегување во трговски центри, здравствени установи, возење со јавен превоз, освен за учениците, за различни услужни дејности и јавни установи.

Министерството за труд сега објасни дека од обврската да достават потврда за вакцинација, прележан ковид или негативен тест не се ослободени ни оние кои работат од дома, пренесува Н1.

Ако вработените кои работат од дома немаат ковид-потврда, мора да се тестираат со брз антигенски тест за самотестирање најмалку еднаш неделно, а потоа на работодавецот мора да му испратат потврда на која се наоѓа датумот на тестирањето, резултатот од тестот и потпис. Трошоците за тестирањето ги сноси работодавецот.

Ако вработениот не го направи тоа се смета дека ги прекршил обврските кои произлегуваат од работниот однос и работодавецот може да го казни во согласност со законот за работни односи, објаснија од министерството.

Словенечките угостители во отворено писмо до владата побараа укинување на задолжителните ковид-потврди, предупредувајќи дека им паѓа прометот и дека потврди, според новите правила, мора да имаат и гостите на терасите.

Синдикатот на угостителите наведе дека го поддржува барањето на полицискиот синдикат уставноста на новите правила да ги провери уставниот суд.

Синдикатот на полицајците на Словенија соопшти дека иницијативата до уставниот суд ја поднел затоа што со владиниот протокол вакцинација или прележан ковид се услов да се задржи работниот однос.

Продолжувањето на таквата „недозволива пракса“ би можело да доведе и до удар врз други човекови права и основни слободи, чии жртви би можеле да станат сите граѓани, тврди полицискиот синдикат.

Владата минатата седница објави одлука според која сите државни службеници, освен оние кои тоа не го можат од медицински причини, ќе мора да се вакцинираат против ковид, а првата доза мора да ја примат до крајот на септември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе