На синот на Гадафи му е одбиена кандидатурата за претседател

Врховната изборна комисија на Либија соопшти дека ја одбила кандидатурата на синот на симнатиот лидер Муамер Гадафи за претседателските избори што треба да се одржат во декември.

Фото: ЕПА

Според листата на одбиени кандидати што ја објави комисијата, Сеиф ал-Ислам Гадафи е дисквалификуван зашто претходно бил правосилно осуден. На одлуката на комисијата помладиот Гадафи може да вложи жалба.

Сеиф ел Ислам судот во Триполи во 2015 година го осуди на смрт поради употреба на насилство против демонстрантите, кои бараа неговиот татко да поднесе оставка, но ривалските власти на Либија ја довеле во прашање оваа одлука.

Меѓународниот кривичен суд распиша по него потерница поради обвинувањата за злосторства против човештвото во врска со бунтот против неговиот татко во 2011 година.

Претседателските избори во Либија требало се одржат на 24 декември, по повеќегодишните обиди под водство на Обединетите нации да се воведе демократија и да се заврши војната.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе