На Сардинија дрогата „паѓа од небо“

Како што наркобосовите во Јужна Америка „доставуваат“ дрога од авиони, така и во Италија криминалните групи почнаа да „спуштаат“ опијати од небото, пишува агенцијата Анса.

Фото: ЕПА

Рано утрово, специјален оддел на италијанската полиција на Сардинија уапси пилот што „од небото испуштил“ вреќа со девет килограми кокаин, но товарот фрлен од училиштен авион „цесна“, наместо во рацете на криминалците, паднал на покривот на приватна куќа.

Грешката на професионалниот инструктор по летање, 28-годишниот Франческо Риза, ја алармирала полицијата, која успеала да го идентификува пилотот и во акција со кодно име „Летање надолу“ (Flying down) ги уапсила не само пилотот, туку и купувачите на кокаинот, чија вредност на пазарот се проценува на повеќе од девет милиони евра.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе