Адвокатот на Трамп

На Руди Џулијани му е заканува тужба поголема од милијарда долари, го обвинуваат за клевета

Американската компанија која ги произведува и одржува системите за електронско гласање поднесе тужба тешка 1,3 милијарди долари против адвокатот на поранешниот претседател Доналд Трамп Руди Џулијани, обвинувајќи го за клевета со ширењето гласини за масовна измама на претседателските избори во САД.

EPA-EFE

Како што покажуваат судските документи објавени денес, компанијата Доминјон воутинг системс од Денвер претходно го тужела адвокатот на кампањата на Трамп Сидни Пауел, исто така за ширење теории на заговор за изборите на кои Трамп изгуби од Џо Бајден.

Вработениот во Доминјон Ерик Кумер истата тужба ја поднел против целата кампања на Трамп, тврдејќи дека морал да се крие поради заканите со смрт кои му ги испраќале поддржувачите на Трамп.

Џулијани и неговиот адвокат Роберт Костело сè уште не ја коментираа тужбата. Џулијани досега цврсто стоеше зад своите тврдења за изборите. Во радио-емисија минатата недела кажа дека го напаѓаат поради тоа што „го користи своето право на слобода на говорот и одбрана на својот клиент“.

Трамп и неговите сојузници два месеци ги оспоруваа резултатите од изборите и без какви било докази тврдеа дека станува збор за масовна измама, пред неговите поддржувачи да упаднат во зградата на Конгресот на почетокот на годината.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе