На протестите во Хонг Конг им се придружија и наставници

Во Хонг Конг продолжија протестите против властите блиски до официјален Пекинг, во кои, во знак на поддршка на учесниците на демонстрациите, се приклучија и наставниците.

Тие бараат од владата да одговори на барањата на демонстрантите и да престане да се служи со полициско насилство за да ги растера демонстрантите.

Демонстрантите, кои го преплавија јавниот плоштад во финансиската област, носеа транспаренти на кои пишуваше „Заштитете ја следната генерација“, пренесува АП.

Ова е 10-та недела на протести во Хонг Конг, кои не покажуваат знаци на смирување, а викендов се планираат серија митинзи и барем еден марш.

Демонстрантите бараат оставка од градската лидерка, демократски избори и независна истрага за, како што велат, употребата на полициска сила.

АП наведува дека во блискиот Шенжен кинеската полиција одржува вежби, предизвикувајќи шпекулации дека нејзините членови може да бидат испратени во Хонг Конг за да ги задушат протестите.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе