На полски писател му се заканува затвор затоа што го нарече претседателот „морон“

На еден писател, популарен во Полска, му се заканува затворска казна од три години затоа што на социјалните мрежи го нарече претседателот на Републиката „морон“.

Фото: ЕПА

Јакуб Жулчик (37) ја критикуваше реакцијата на полскиот претседател Анджеј Дуда - близок сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на победата на сегашниот шеф на американската држава, Џозеф Бајден, на претседателските избори минатата година.

Во понеделникот Жулчик на Фејсбук напиша дека окружниот обвинител во Варшава поднел обвинение против него врз основа на член во кривичниот закон за навреда на шефот на државата и дека тој верува дека тој е „по подолго време, првиот писател кому му се суди во оваа земја (Полска) поради нешто што напишал“.

Обвинението е поднесено по пријава на приватно лице, а претставникот на Дуда, Блажеј Спихалски, денес изјави дека ниту претседателот ниту неговиот кабинет не се странки во таа постапка и дека тие не побарале обвинение против писателот.

Претходно имало постапки против граѓани за навреда на претходните полски претседатели, бидејќи тоа е овозможено со широката дефиниција за навреда во законот. Парични казни или општокорисна работа, а не затвор, обично се казни за тоа.

Обвинението против писателот дојде во време што многумина го сметаат за ера на ерозија на демократските стандарди во Полска откако десничарската популистичка Партија на законот и правдата ја освои власта во 2015 година. Критичарите ги обвинуваат властите за агресивно користење на обвинителството во корист на владата.

Спорниот коментар на писателот се однесува на честитките на Дуда на Твитер по изборната победа на Бајден на 7 ноември.

Додека многу други европски лидери веќе му ја честитаа победата на Бајден, Дуда му честиташе само за „успешната претседателска кампања“ и рече дека чека официјална потврда за резултатите од изборите: „Додека ја чекаме номинацијата од Електорскиот колегиум, Полска е решена сојузот ПЛ-САД да го направи уште посилен“.

Во Полска, Дуда беше критикуван во тоа време затоа што алудираше со порака дека победата на Бајден не е конечна и дека Електорскиот колегиум и Конгресот на САД можат да го променат резултатот.

Истиот ден, писателот Жулчик на Фејсбук напиша дека тој, кој магистрирал американски студии, никогаш не слушнал за „номинација на Изборниот колеџ“ и дека Бајден, демократскиот кандидат, очигледно победил на изборите.

„Џо Бајден е 46-от претседател на Соединетите Држави. Анджеј Дуда е морон“, напиша писателот, кој сега е обвинет за тоа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе