Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан почна кампања во која тврди дека санкциите против Русија ја уништуваат Унгарија.
„Бриселските санкции нѐ уништуваат нас!“, пишува на плакатите, кои осамнаа на улиците и во јавниот превоз. Санкциите на плакатите визуелно се претставени како бомби.
Кампањата се појави откако унгарската влада минатата недела почна национално консултативна истражување во кое ги прашува граѓаните дали се согласуваат или не се согласуваат со противењето на владата кон санкциите на ЕУ воведени на Русија поради нејзината инвазија на Украина.
“The Brussels sanctions are destroying us!” HU govt advertising its ‘national consultation’ survey of households from today on streets and public transport 💣💥 pic.twitter.com/XI2QWOIKrf
— Peter Murphy (@MurphyPeterN) October 18, 2022
Орбан постојано тврди дека санкциите ѝ штетат на Европа повеќе отколку на Русија со загрозувањето на снабдувањето со енергија и стабилноста на цените.
„Ние веруваме дека санкциите нè уништуваат нас“, се вели во соопштението на владината страница на Фејсбук, каде што беше објавено истражувањето со седум прашања, финансирано од даночните обврзници.
Прашалникот „За бриселските санкции“ ќе биде испратен на национално ниво до околу осум милиони домаќинства во Унгарија, а од испитаниците ќе биде побарано да го вратат до 9 декември.
Pictures (@444 & @afp) from Budapest after the launch of the govt's most recent campaign. The posters read: "Sanctions from Brussels ruin us!" with the word "Sanctions" repeated on the bomb. Even the Kremlin's best spin doctors must be standing in awe. pic.twitter.com/XemBHiRTUD
— Peter Erdelyi (@erdelyipe) October 18, 2022
Едно од прашањата е дали испитаниците се согласуваат со потенцијалните санкции за испораките на руски гас наметнати од „лидерите од Брисел“, што „ќе го доведе во опасност греењето на домаќинствата и способноста на европската економија да функционира“.
Во друго прашање, за влијанието на санкциите врз нивото на цените, особено цените на храната, се обвинуваат антируските мерки за вртоглавата инфлација, „зголемувањето на ризикот од глад во земјите во развој“, што „води до зголемен миграциски притисок“ на европските граници.
Унгарците пред еден месец отворено кажаа дека се против воведување нов пакет санкции против Русија.
„Во светот има јасна слика дека ефектите од санкциите се уште посилни од последиците од војната во Украина“, изјави тогаш министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
Брисел и Будимпешта се во судир откако Европскиот парламент изјави дека Унгарија повеќе не може да се смета за демократска држава. Заедно со механизмот за условување воведен против оваа земја, ЕУ има можност да ги запре плаќањата од фондовите на ЕУ.
Така, сега Европската комисија работи на суспендирање на пристапот до 7,6 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија, поради постојаните обвинувања за корупција. Земјата има рок до 19 декември да го исполни ветувањето за спроведување на антикорупциските закони и зајакнување на независноста на нејзините судови од извршната власт. А Унгарија сѐ уште чека 5,8 милијарди евра од Фондот за обнова.