По агресивната прес-конференција со Трамп

На новинарот на Си-ен-ен му е одземена пропусницата за Белата куќа (ВИДЕО)

Белата куќа објави дека му ја одзела новинарската акредитација на новинарот на Си-ен-ен кој се расправал со претседателот Доналд Трамп за време на прес конференцијата.

„Си-ен-ен треба да се срами дека вие работите за нив. Вие сте невоспитана, грозна личност“, му рече Трамп на новинарот Џим Акоста за време на брифингот во Белата куќа, одржан по американските избори на средина од претседателскиот мандат.

„Доста е, вратете го микрофонот“, му рече Трамп на Акоста, откако се расправаше со него за караванот мигранти кој се движи од Централна Америка кон американската граница. „Кога објавувате лажни вести, што Си-ен-ен го прави во голема мера, вие сте непријател на народот“, додаде на крајот од кавгата со Акоста.

Потоа работничка во Белата куќа, се обидела физички да му го одземе микрофонот на Акоста, но тој не го пуштил од раце.

Новинарот на Си-ен-ен, која веќе бил цел на нападите на Трамп, продолжи да му поставува прашања во врска со истрагата за руското мешање во американските избори, додека претседателот се оддалечил од говорницата, не сакајќи понатаму да одговора.

Акоста потврди дека му е забранет пристапот до Белата куќа.

Во своето соопштение Си-ен-ен ги нарече коментарите на претседателот „неамерикански“ и го поддржа својот новинар. „Слободните медиуми се од витално значење за демократијата“, истакна Си-ен-ен.

Трамп во текот на 90 минутната прес-конференција им се наврте и на уште неколку новинари па така го замолчени и другиот новинар на Си-ен-ен Ејприл Рајан, кој сакаше да му постави прашање, па ја обвини новинарката, црнкиња дека поставува „расистички“ прашања, кога таа го запраша за неговата „националистичка“ реторика која оди рака под рака со заговорниците на супериорноста на белата раса, а друг новинар, со потсмев го нарече „убавец“.

„Претседателот Трамп верува во слободата на медиумите и ги очекува и ги поздравува острите прашања за себе и својата администрација“, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Таа го обвини Акоста дека со раце ја задржал младата вработена во Белата куќа за да ја спречи да му го одземе микрофонот, што новинарот го негираше.

via GIPHY

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе