На Навални му се замрзнати сметките и станот во Москва му е запленет (ВИДЕО)

На рускиот опозициски политичар Алексеј Навални му се замрзнати сметките, а станот во Москва му е запленет додека тој во болница во Берлин се опоравуваше од труење, изјави во четвртокот неговата портпаролка Кира Јармиш.

Фото: Инстаграм

„Ова значи дека станот не може да се продаде, донира или да се стави под хипотека“, рече Јармиш и објави видео на Твитер.

Таа додаде дека неговиот имот е замрзнат на 27 август, поради тужба на компанија што доставува храна до училиштата во Москва.

Рускиот суд во октомври 2019 година им нареди на Навални и неговите соработници да платат 1,4 милиони долари отштета на компанијата затоа што, според судот, тие неоправдано го доведувале во прашање квалитетот на храната.

На 44-годишниот критичар на власта на Владимир Путин претходно овој месец му се слоши во авион над Сибир. Тој беше пренесен од Русија на лекување во Берлин, а германската влада извести дека тестовите спроведени во Германија, Франција и Шведска покажале дека тој бил отруен со нервен агенс новичок.

Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли настанот за кој тие сметаат дека е обид за убиство, но Москва тоа го отфрла и вели дека нема никакви индиции дека е извршено злосторство против Навални, кој оттогаш се опорави.

Кремљ во средата објави дека Навални може да се врати во Русија како и секој друг граѓанин.

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе