Навални беше уапсен вчера на аеродромот во Москва при враќање во Русија од Германија каде се лекуваше откако преживеа обид за труење со нервниот агенс новичок минатото лето. Неговото апсење го нареди московската затворска служба затоа што ја прекрши условната казна што му е изречена во случај на проневера, за кој дисидентот тврди дека е наместен.
Тој во притвор ќе ја чека одлуката на судот за тоа дали неговата три и пол годишна условна казна ќе биде претворена во затворска казна.
Околу 200 негови приврзаници се собраа денес пред полициската станица на температура од -18 степени, барајќи негово ослободување.
Перед УВД. Люди скандируют «выпускай!» pic.twitter.com/5SCFHgf5bD
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) January 18, 2021
Обединетите нации и западните земји ги повикаа руските власти веднаш да ги ослободат опозициските лидери, а некои земји повикаа на нови санкции против Русија. Москва им одговори да си ја вршат својата работа.
Во видео порака од полициската станица, Навални сослушувањето го нарече „најголем степен на беззаконие“ и го нападна Владимир Путин, обвинувајќи го дека кривичниот закон го „фрлил преку прозор“.
Алексея из зала «суда» pic.twitter.com/Dqsa4x0qrz
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) January 18, 2021