„Итен одговор 19“

На НАТО вежба во Хрватска и „косовски војници“

На меѓунардоната воена вежба „Итен одговор 19“ бил извршен воздушен десант на американски сили на воениот полигон „Еуген Кватерник“ кај Слуњ, во Хрватска.

Хрватското министерство за одбрана наведува дека вежбата се спроведува од 10 мај до 6 јуни на јрватскиот воен полигон во Слуњ и во касарната „Јосип Јовиќ“, како и во Словенија и Унгарија.

Хрватското министерство меѓу 1.600 војници кои учествуваат во вежбата – од Хрватска, Словенија, Унгарија, САД, Албанија, Црна Гора, Полска, Франција, Британија, Литванија, Македонија, БиХ, Италија и Германија ги вброи и „припадниците на оружените сили на Косово“.

Се наведува дека оваа вежба ја планира и ја води Командата на американските сили за Европа (УСЕУКОМ) со цел увежбување на силите на земјите членки на А-5 иницијативата.

Во оваа иницијатива, која е позната и како Американско-Јадранска повечба, членки се Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, БиХ и САД, додека Србија во 2008 година доби статус на набљудувач.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе