На младата Саудијка која побегна во Тајланд азил ѝ дадоа и Австралија и Канада (ВИДЕО)

Младата Саудијка Рахаф Мохамед ал-Кунун, која побегна во Тајланд од страв од семејството кое, како што тврди таа, сака да ја убие, доби азил во Австралија, објавија денес тајландските официјални претставници.

„Да, Австралија ѝ одобри азил, но чекаме да слушнеме каде точно ќе оди“, за Си-ен-ен рече шефот на тајландската имиграциска полиција Сурачат Хакпарн. Имено, како што вели Хакпарн, Канада, исто така, ѝ понудила азил на Кунун, а тајландските служби сега чекаат 18-годишната девојка да одлучи каде сака да оди.

Кунун, која моментално е на тајна локација во Бангкок, ќе го напушти Тајланд „штом ќе биде донесе конечната одлука“, објасни Хакпарн, додавајќи дека полицијата „ја обезбедува потребната заштита за неа“.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации УНХЦР го потврди легитимниот статус на бегалец за Кунун и поднесе барање за заштита до Австралија во средата.

Австралиското Министерство за внатрешни работи не го коментираше новиот развој на случувањата за Си-ен-ен, како ни канадското министерство.

Кунун одлета за Тајланд од Кувајт за да избега од своето семејство, тврдејќи дека се плаши дека семејството ќе ја убие бидејќи се откажала од исламот, што во Саудиска Арабија и официјално е кривично дело казниво со смрт. Исто така, откри дека нејзиниот татко и брат дошле по неа во Бангкок, но дека таа не сака да ги види.

Кунун на Твитер објави свои фотографии и фотографии од пасошот и побара азил „од која било земја која е подготвена да ја заштити од нејзиното семејство и да ја спаси од злоставување или убиство поради напуштање на исламската вера“. Во рамки на неколку часа, кампањата се прошири на Твитер, и активистичките мрежи ја пренесуваа низ целиот свет.

За време од 36 часа тоа доведе тајландската влада да ја промени одлуката според која девојката со авион требало да се врати дома. Дозволено ѝ е да влезе во Тајланд и во вторник започна процесот на барање азил во трета земја преку УНХЦР, бидејќи Тајланд не е потписник на Конвенцијата на ОН.

Нејзиниот случај повторно го привлече вниманието на светот за строгите социјални правила во Саудиска Арабија, вклучително и условот дека жена мора да има дозвола од машки „чувар“ за патување, за што групите на човекови права велат дека е начин на кој жените и девојките се држат затвореници во семејствата кои ги злоставуваат.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе