На Малта запленети 740 килограми кокаин, требало да бидат прошверцувани во Словенија

Кокаин во вредност од 100 милиони евра е откриен на Малта, во контејнер со банани што требало да биде растоварен во Словенија.

Фото: ЕПА

Запленети се рекордни 740 килограми кокаин, што според проценките преку улична продажба би вредел 100 милиони евра, а контејнерот во кој е пронајдена дрогата се движел од Еквадор кон Словенија, во среда ја пренесоа објавата на малтешката царина словенечките медиуми.

Станува збор за рекордна заплена на кокаин во медитеранската островска држава, поголема од минатогодишната заплена на 612 килограми дрога во брод што патувал на релација Еквадор-Колумбија-Либија.

Малтешката царина соопшти дека откритието на дрогата е резултат на операција која траела подолго време. Покрај другиот товар, биле прегледани 1.080 кутии со банани, од кои 37 кутии со банани содржеле вкупно 740 пакувања бела супстанца. Лабораториски е утврдено дека станува збор за кокаин со многу висока чистота.

Специјалната единица за борба против дрога на полицијата во Малта и дежурната судијка Каролин Фаругија Френдо, која ја води истрагата, биле информирани за откривањето на дрогата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе