Премин Мердаре

На косовско-српската граница најдено девојче во просторот за резервно тркало (ФОТО)

На административниот премин Мердаре спречен е обид за шверц на деветгодишно девојче од територијата на Косово во Германија, соопшти српската царина.

Девојчето било најдено во просторот за резервно тркало на автомобил „крајслер“ со германски таблички.

Со автомобилот управувал 42-годишен маж, а со него бил и неговиот 17-годишен син, двајцата од албанска националност.

За време на редовната контрола тие на цариниците им кажале дека немаат што да пријават.

„Меѓутоа со детален преглед на автомобилот цариниците во багажникот, во просторот за резервно тркало, нашле деветгодишно девојче од албанска националност, чии документи, но и изводот за престој издаден во Подуево, дополнително биле најдени во автомобилот“, соопшти српската царина.

Возачот на автомобилот, откако скриеното девојче било најдено, кажал дека станува збор за дете на негова сестра, која живее во Германија и дека детето си играло и случајно се скрило таму.

Девојчето го презеле социјални работници во Прокупље.

На осомничените им е одредено задржување до 48 часа, по што, со кривична пријава, ќе бидат приведени во надлежното обвинителство.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе