Претресена приватна клиника

На Косово уапсени четири лица осомничени за трговија со органи

Во полициска операција во регионот на Приштина уапсени се четири лица осомничени за кривични дела „противзаконска трансплантација и трговија со човечки органи и клетки“ и „соизвршителство“, соопшти денес косовската полиција.

Како што се наведува, врз основа на информации и истраги на Дирекцијата за истрага на трговијата со човечки суштества вчера била спроведена полициска акција во рамки на која е претресена приватна клиника во регионот на Приштина и уапсени се четири лица.

За време на полициската операција како материјален доказ запленети се копии од здравствени досиеја, книги со податоци и останати разни документи, објавено е на сајтот на косовската полиција.

На тројца осомничено по налог на обвинител им е одредена мерка задржување до 48 часа, додека едно лице е ослободено по редовна процедура.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе