На Косово уапсена шефица на невладина организација бидејќи барала одмазда за убиениот ирански генерал

Косовската полиција соопшти дека шефицата на невладината организација Курани, која активно дејствувала на Косово и искажувала поддршка на шиитски секти, е уапсена.

Како што е наведено во соопштението на полицијата, уапсена е бидејќи на социјалната мрежа Фејсбук го осудила убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад и барала одмазда за тоа.

Игбале Хидути Бериша ја уапсила дирекцијата на косовската полиција за борба против тероризмот во соработка со специјалното обвинителство на Косово.

Полициската дирекција објави дека извршила претрес во просториите на осомничената која била приведена на разговор во полицијата и по налог упатена во притвор до одлуката судот.

Худути Бериша на Фејсбук напишала дека луѓето како иранскиот генерал Сулејмани „не умираат“, туку дека се „мртви оние кои одат по земјата и носат криминална крв, срамејќи се и себеси и својата злосторничка нација“.

„Бог дава трпение. Со убивање на господарот на куќата убиени се сите нејзини членови, одмаздата е задолжителна и нема ограничување“, напиша таа.

Сепак, подоцна го избришала постот од Фејсбук.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе