На Косово уапсен поранешен командант на УЧК, префрлен во притвор во Хаг

Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (УЧК) Сaљих Мустафа е уапсен на Косово и префрлен во притвор на специјалниот суд во Хаг задолжен за судењата за воените злосторства извршени на Косово за време на војната, објави денес судот.

EPA-EFE

„Канцеларијата на специјалниот обвинител го уапси денес на Косово Саљих Мустафа, во согласност со налогот за апсење, налогот за трансфер и потврденото обвинение“, се наведува во соопштението.

По потврденото обвинение против Мустафа кое е објавено по неговото апсење се наведува дека кривичните дела произволно лишување од слобода, сурово постапување и мачење биле извршени над најмалку шест лица во април 1999, како и убиство на едо лице во истиот месец таа година.

Со потврденото обвинение Мустафа „се товари според различни облици на кривична одговорност за произволно лишување од слобода, сурово постапување, мачење и убиство како и воени злосторства направени во контекст на оружениот конфликт на Косово кој не беше од меѓународен карактер и во врска со тој конфликт“, се наведува во обвинението.

Според него, тој водел единица која управувала со затвор и место за испрашување каде затворениците биле претепувани, мачени, подложувани на електрошокови и врз нив се уринирало. Мустафа не само што го надгледувал насилството туку и лично учествувал во претепувањата, а за еден затвореник тврдел дека е шпион поради што тој бил убиен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе