Уште еден командант на УЧК

На Косово уапсен братучедот на Рамуш Харадинај, одбил да замине со специјалците на Еулекс (ВИДЕО)

Потпретседателот на Здружението на ветераните на УЧК и братучед на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, Насим Харадинај, е уапсен во Приштина, јавуваат косовските медиуми.

EPA-EFE

Тој одбил да влезе во автомобилот на специјалците на Еулекс и причекал да стигнат припадници на косовската полиција.

„Не одам со нив, само со косовската полиција“, кажал Харадинај за Газета експрес.

Бројни граѓани излегле на местото на апсењето и го испратиле со аплауз.

Тој непосредно пред апсењето прашал дали по најновите акции на Специјалните совети „постојат државни органи“, а апсењето од Еулекс го нарекол „бесмислено“.

„Ова нѐ тера да се прашаме дали имаме држава, државни органи и парламент. Нѐ тера да се прашаме дали имаме устав. Еулекс се однесува вака кон нас бидејќи не нѐ смета за луѓе“, кажал Харадинај.

Тој кажал и дека Специјалниот суд за злосторствата на УЧК „не му припаѓа на Косово и дека ќе работат против него“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе