Тешко повреден

На Косово нападнат истражувачки новинар, наводно поради документарец за Исламска држава

Истражувачкиот новинар Висар Дуриќи е тешко повреден откако три маскирани лица го нападнале синоќа на влезот во зградата во која живее во Косово Поле.

EPA-EFE

Дуриќи по изјавата која по тој повод ја дал во полицијата кажа дека најпрво го нападнало едно лице на кое потоа му се придружиле уште две.

„Ме тепаа околу минута и пол, ми скршија четири заби и ми ги повредија вилицата и носот“, им кажа Дуриќи на новинарите во Приштина.

Наведувајќи дека од 2014 година добивал закани, оцени дека најверојатно е нападнат поради работата на документарниот филм за милитантите на Исламска држава во Сирија кој се емитува на телевизија и го има на онлајн медиумите.

Портпаролот на косовската полиција за регионот Приштина, Агрон Боровци, кажа дека полицијата е во координација со државното обвинителство и дека отворила истрага за инцидентот.

Дуриќи непосредно пред нападот бил гостин на емисијата „Политико“ на приштинската телевизија Канал10, каде зборувал за вчерашното апсење на 12 лица осомничени за примање и давање мито во косовската агенција за развој на земјоделството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе