1.630 нови случаи со коронавирусот

На Косово денеска 36 починати, се воведува полициски час и се одложува учебната година

Во последните 24 часа, 1.630 нови случаи на коронавирусот се регистрирани на Косово, а 36 пациенти починаа од последиците од ковид-19, објави Министерството за здравство.

Фото: ЕПА

Косовската влада вчера донесе одлука, која стапува во сила утре, за заострување на мерките за спречување на ширењето на вирусот: се воведува полициски час од 22 до пет часот наутро. Се скратува работното време на угостителските објекти, кои ќе работат до 21.30 часот, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетот.

Кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти вчера одлучи и да го одложи почетокот на учебната година за основците и средношколците до 13 септември, а остануваат во сила забраните за организирање свадби и други семејни веселби, како и ученички и студентски екскурзии и матурски вечери.

За влез на Косово потребна е потврда за вакцинираност со една или две дози, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, или серолошки тест не постар од 30 дена. Лицата што не поседуваат еден од тие документи треба под заклетва да потпишат изјава за седумдневна самоизолација, или за напуштање на земјата во рок од три часа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе