На Киев му стигна ракетен систем кој ја штити Белата куќа

САД ѝ испратија на Украина ракетни системи земја-воздух НАСАМС, кои можат да соборат авиони, а ракетните системи, како што соопшти украинскиот претседател, пристигнале денес.

EPA-EFE

Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден и потврди дека имаат НАСАМС системи.

Пентагон пред десет дена соопшти дека два системи ќе ѝ бидат испорачани на Украина, но Зеленски вели дека тоа не е доволно.

„Тоа не е ни приближно доволно за заштита на нашата цивилна инфраструктура. Тие системи ни се потребни за да ги заштитиме нашите училишта, болници, универзитети, домови. Ни треба безбедност за да ги привлечеме нашите Украинци да се вратат дома. Ако е безбедно, тие ќе дојдат, ќе се населат, ќе работат тука и ќе плаќаат данок и тогаш нема да имаме дупка од 5 милијарди долари во буџетот. Така тоа ќе биде позитивно за сите и тогаш нема да ни биде потребна помошта која ни ја давате“, кажа Зеленски.

Претходно беше најавено дека на Киев ќе му бидат испорачани шест такви системи. Овој систем се користи за заштита на воздушниот простор околу Белата куќа и американски Капитол во Вашингтон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе