На карневал во Хрватска запалена фигура на геј двојка со посвоено дете (ВИДЕО)

Во Имотски во Хрватска беше одржана традиционалната Бакова поворка, денот кога жителите се маскираат и шетаат низ градот, а за време на церемонијата се случи скандал – запалена беше фигура која симболизира геј двојка со дете, на чие чело имаше петокрака.

Традицијата на свеченоста во Имотски е долга 150 години, со Баковата поворка како централна манифестација, која продефилира по улиците на ова гратче вчера попладне.

Сепак, годинешната свеченост, како што пренесува Н1, ја обележа и скандал.

Жителите за карневалска фигура која на крајот и ја запалиле одбрале геј двојка со посвоено дете кое имало петокрака на челото.

„Му се допаѓало тоа некому или не, ова за нас е ненормално, но секој има право да биде што сака“, изјавиле тие за Слободна Далмација.

„Остануваме конзервативни, ја чуваме традицијата. Дајте го детето на мајката, како што би се рекло. Мислиме дека тоа е правилно“, изјави претседателот на манифестацијата Миливој Ѓука.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе