Премиерот призна пораз

На изборите во Данска победи левицата, десничарите добија дупло помалку отколку во 2015-та

Данскиот либерален премиер Ларс Лок Расмусен го призна поразот на парламентарните избори во земјата, власта ќе ја преземе социјалдемократската лидерка Мете Фредериксен.

„Имавме навистина добри избори, но ќе има промена на владата“, им рече премиерот на своите поддржувачи.

Социјалдемократите добија 90 од 179-те места во парламентот.

На 41 година Фредериксен ќе стане најмладиот премиер во историјата на земјата.

Либералната партија на Расмусен беше на власт во 14 од последниве 18 години.

Според ТВ ДР, владејачката Либерална партија и другите десничарски партии ќе освојат 81 место.

Групата што добива најмногу места во парламентот на Данска прва добива можност да формира влада.

Националистичката Данска народна партија, која ѝ даде поддршка на малцинската влада на Расмусен, загуби повеќе од половина гласачи во однос на изборите од 2015 година.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе