На истокот на Украина постигнат договор за примирје

Украински, руски и преговарали од ОБСЕ постигнаа договор за целосен прекин на огнот од понеделник меѓу силите на украинската влада и проруските бунтовници на истокот на Украина, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

EPA-EFE

„Исчекорот е резултат на ефикасната работа на украинските претставници со помош на нашите меѓународни партнери во Берлин и Париз“, објави службата на претседателот Володимир Зеленски за односи со јавноста.

Кабинетот на украинскиот претседател потсетува дека целосно и сеопфатно примирје, ако другата страна го почитува, е предуслов за спроведување на договорот од Минск.

Договорот од Минск, со повлекување на тешкото вооружување и странските оружени групи од конфликтната област, предвидува и спроведување на уставни реформи, меѓу кои и почнување на изработка на нов устав и „децентрализација“ на регионите Доњецк и Луганск во договор со претставниците на тие зони.

Во конфликтот на украинската војска со бунтовниците поддржани од Русија од 2014 година се убиени над 13.000 луѓе. Поголемите борби се завршени со примирјето договорено во белоруската престолнина Минск во 2015, но во спорадични судири сѐ уште гинат цивили, украински војници и бунтовници.

Зеленски од победата на изборите минатата година се обидува да го реши конфликтот и договори повеќе размени на заробеници.

Украина и Русија се во непријателски однос откако Москва во 2014 го припои Крим и го поддржа бунтот на истокот на Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе