На Хрватите им стигнуваат „рафали“, но со повисока цена

Во четвртокот во официјална посета на Хрватска беше францускиот претседател Емануел Макрон.

EPA-EFE

Централниот настан на оваа посета беше потпишувањето на договорот за купување 12 француски борбени авиони „рафал“. Дека Хрватска ги купува тие авиони објави претходно премиерот Андреј Пленковиќ.

Но, како што јавува хрватски Индекс, интересно е тоа што француските авиони во меѓувреме поскапеле.

Во средата министерот за финансии Здравко Мариќ на седница на владата, на која беше донесена формалната одлука за купување на „рафалите“, кажа дека цената повеќе не е 999 милиони евра, туку 1,1 милијарда евра.

Мариќ тоа го откри објаснувајќи ја одлуката за давање согласност на министерството за одбрана за преземање на финансиските обврски за набавка на повеќенаменскиот борбен авион во периодот од 2022 до 2026 година.

Меѓутоа министерот Мариќ не објасни зошто цената од мај, кога владата ја прифати француската понуда, до сега се зголеми за повеќе од 100 милиони евра.

Индекс од владата и министерството за одбрана на Хрватска побарал објаснување на промената на сумата.

„Цената на набавката на повеќенаменскиот борбен авион, како што и претходно комунициравме, изнесува 999 милиони евра, односно 7.527.481.560 куни. Вкупниот износ кој беше соопштен на седницата на владата покрај договорената сума го опфаќа и износот на ДДВ кој во согласност со законот мора да се пресмета на новата роба и услуги, кој се уплаќа во државниот буџет на Република Хрватска“, порача хрватското министерство за одбрана.

Хрватска од Франција купува 12 користени повеќенаменски борбени авиони од типот дасо рафал Ф3Р, 10 едноседи и два двоседи. Борбените авиони ќе бидат исплатени во пет рати од 2022 до 2026 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе